Ekipa
17 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
СОЛУН (АА) - Километарски колони со шлепери и автомобили останаа блокирани поради протестите на грчките земјоделци на главниот граничен премин помеѓу Грција и Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчките земјоделци веќе неколку недели во знак на протест поради најавените реформи на пензискиот систем во земјата, ги блокираат главните патни правци во земјата.
Фармерите го блокираа и сообраќајот на граничниот премин Промахонас, а дополнително дозволија движење само на приватните автомобили. Возачите на камионите луто реагираа и во целост го блокираа граничниот премин, барајќи и ним да им се овозможи движење.
Надлежните грчки официјални лица соопштија дека утринава на грчката граница имало околу 800 камиони и 160 автомобили, а околу 1.000 камиони и 500 автомобили биле блокирани од бугарската страна од границата.