Виена: Почна состанокот за решавање на сириската криза
На состанокот присуствуваат државните претставници на САД, Русија, Германија, Јордан, Египет, Велика Британија, Турција, Франција, Катар, Обединети Арапски Емирати, Ирак, Либан, Кина, Италија, Омана, Саудиска Арабија и Иран????? ????????
30 Октомври 2015•Ажурирај: 31 Октомври 2015
ВиенаСостанокот на министрите за надворешни работи на 17 земји кои го поддржуваат претседателот Башар Ал-Асад и оние кои не го поддржуваат, како и високиот претавник на Европската Унија (ЕУ) Федерика Могерини, со цел изнаоѓање решение на кризата во Сирија, започна денеска во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот присуствуваат претставници на САД, Русија, Германија, Јордан, Египет, Велика Британија, Турција, Франција, Катар, Обединети Арапски Емирати, Ирак, Либан, Кина, Италија, Омана, Саудиска Арабија и Иран.
Покрај министрите, на состанокот присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини и специјалниот претставник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Минстура.
Ова е прв пат Иран да се придружи на меѓународен состанок кој има за цел изнаоѓање решение на кризата во Сирија. Министерот за надворешни работи на Франција Лорент Фабиус истакна дека ќе биде потребно да се одржат неколку состаноци за да се почувствува одреден напредок, а министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер кажа дека состанокот во Виена може да биде прв чекор кон решавање на сириската криза доколку сите земји го даваат својот придонес и доколку бидат одлучни да изнајдат решение.
Денеска сме сеуште далеку од решенија, но првиот чекор е важен",истакна Штајнмаер.