?????
30 октомври 2015•Ажурирај: 01 ноември 2015
Заменикот на турскиот премиер Јалчин Акдоган изјави дека ќе биде санкциониран секој кој ќе се обиде на било кој начин да го загрози изборниот процес на денот на изборите кои ќе се одржат во Турција на први ноевмри, јавува Anadolu Agency (AA).
“Сакам да порачам дека ќе биде остра казната за сите оние кои ќе се обидат на постапат незаконски на денот на изборите, ќе им претат на граѓаните, ќе се обидат да влијаат на нивната одлука, како и оние кои ќе се обидат да гласаат наместо граѓаните на некој начин. Секој ќе биде казнет поради тоа и ќе одговара според законот” , истакна Акдоган.
За време на гостувањето кај уредничкиот тим на АА, Акдоган истакна дека актуелната турска влада, како и сите државни структури ја извршија својата задача пред престојните избори.
“На изборните места ќе бидат распоредени претставниците на сите политички партии за да изборите бидат транспарентни и за да граѓаните можат да гласаат во демократско окружување. На денот на изборите ќе бидат ангажирани 385 илјади припадници на безбедносните сили”, истакна Акдоган.
Тој нагласи дека е најважно да се пријави било каква недоследност и незаконско однесување на изборните места за да изборниот процес биде во потполност демократски.
Парламентарните избори во Турција ќе се одржат на први ноември, во недела.