Adel Ömeragiç
27 јануари 2016•Ажурирај: 27 јануари 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Десетици луѓе, поддржувачи на Демократскиот фронт се наоѓаат во пред Парламентот на Црна Гора, каде се дискутира за доверба на Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
Сообраќај на булеварот Свети Петар е затворен, a собраните подржувачи со свирки ги пречекаа пратениците на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Министерството за Владата.
Поддржувачите на Демократскиот фронт вчера го блокираа булеварот пред Парламентот, каде што на видео-бим ја следеа дебатата. Собирот е обезбеден од страна на полицијата, а за сега е многу смирен.
По два дена расправа, денеска во Собранието на Црна Гора треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ.