Dejan Maksimoviç
09 јануари 2016•Ажурирај: 10 јануари 2016
БЕРЛИН (AA) - Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, ЦДУ во сабота предложи воведување на построги закони за регулирање на статусот на лицата кои бараат азил, по серијата сексуални напади што се случија во Германија за време на новогодишната ноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел вели дека Германија ќе предложи со депортирање на депортирање на сериските сторители осудени за помали злочини. "Ова е во интерес на граѓните на Германија но и во интерес на мнозинство бегалци кои дојдоа тука. Ако луѓето се однесуваат надвор од законот се разбира дека мора да ги сносат последиците", рече Меркел за време на состанокот со членовите на партијата во Мајнц.
Извештаите кои доаѓаа од Келн зборуваа за голем број на напади врз жени во текот на новогодишните празници. Полицијата приведе 31 лице кои се привремено затворени и спрашувани, а меѓу нив беа и 18 азиланти.
Нацрт-законот кој беше усвоен од страна на раководството ЦДУ ќе ја зајакне способноста на полицијата да ги провери документите за лична идентификација, како и правото на странски државјани да им биде оневозможено право на азил ако претходно бил осудуван.