Furkan Abdula
24 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) ‒ Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, истакна дека земјата стои покрај Украина во овие тешки денови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Османи преку својот твитер-профил се огласи со реакција во врска со руската воена интервенција во Украина.
„Денешната одлука на Кремљ, заедно со воената операција на Руските воени сили, се ништо повеќе од акт на агресија и почеток на војна против Украина. Колку што е можно повеќе, најостро ги осудуваме овие акти“, нагласи тој.
„Во овие тешки денови стоиме покрај Украина“, додаде Османи.