Mustafa Melih Ahıshalı
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ТЕХЕРАН (AA) - По собирање на гласовите од вториот круг на парламентарните избори во Иран реформистите освоија 35, конзервативците 19, а независните кандидати 14 пратенички места, јавува Anadolu Agency.
Вториот круг од парламентарните избори кој се одржа во 21 изборна единица повторно ја покажа доминацијата на поддржувачите на актуелната власт и претседателот Хасан Рухани, реформистите.
Првиот круг од изборите одржан е во февруари оваа година. Реформистите тогаш однесоа убедлива победа во конкуренција со конзервативците и независните кандидати. Од 31 изборна единица колку ги има во земјата, во 21 ниту еден кандидат не освоил 25 отсто од гласовите, поради што беше одржан и вториот круг од изборите.
Во завршницата, од 290 вкупни пратенички места во Парламентот на Иран, 120 им припаднаа на реформистите, 83 на конзервативците, на независните кандидати 81 и пет места на претставниците на малцинствата. Излезноста на овогодинешните парламентарни избори во Иран беше 62 отсто.