Mahmoud Barakat
05 јануари 2016•Ажурирај: 05 јануари 2016
КУВАЈТ (АА) - Властите на Кувајт соопштија дека донеле одлука за отповикување на својот амбасадор во Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Кувајт ги осуди саботните напади на дипломатските претставништва на Саудиска Арабија во Иран и со денешната одлука за блокирање на односите со Техеран застана покрај својот сојузник.
Властите на Саудиска Арабија во саботата изутрина соопштија дека погубиле 47 лица осудени за тероризам во таа земја, а меѓу нив и тамошниот верски лидер на шиитското малцинство Нимр ал-Нимр. Иран остро го осуди овој потег на властите во Ријад, а во текот на протестите истиот ден во Техеран, запалена е саудиската амбасада и нападнат конзулатот во Машхад.
Поради тоа, Саудиска Арабија ги прекина дипломатските а подоцна и економските врски со Иран. Истото го стори вчера и владата на Бахреин, додека Судан и Обединетите Арапски Емирати ги деградираа билатералните односи со Иран, на ниво на вршители на функцијата за дипломатски односи.
Загриженост за сегашната криза на релација Ријад - Техеран изразија Обединетите нации, Европската унија, САД, Велика Британија и многу други актери на меѓународната заедница. Турција, Кина и Франција повикаа на смирување на тензиите, а Русија изрази подготвеност да ги искористи добрите односи со двете земји и да посредува во решавањето на кризата.