Admir Fazlagic
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски престојуваше во работна посета на Принципатот Лихтенштајн, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека за време на посетата, тој се сретнал со министерот за надворешни работи, образование и култура, Аурелија Фрик, како и со принцот Алојс.
Како што се соопштува, на средбите се разговарало за мултилатералната соработка, ефектите врз економиите и политичката интеграција во ЕФТА членките и за состојбата во балканските земји по одлуката за излез на Обединетото Кралство од ЕУ, како и за ризиците од мигрантската криза и заканите од радикализам и тероризам во глобални рамки.