Fatma Esma Arslan
23 ноември 2015•Ажурирај: 24 ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека британскиот Парламент оваа недела ќе гласа за одобрување на вклучување на воздушните напади против терористите на ДАЕШ во Сирија, додавајќи дека Франција предложила да отвори воздухопловна база во Кипар која би се користела за овие операции, јавува Anadolu Agency (АА).
Францускиот претседател Франсоа Оланд во Елисејската палата го прими британскиот премиер Камерон, а претходно заедно ја посетија концертната сала во Париз во која терористите на 13 ноември убија 89 лица, со цел да им оддадат почит на сите жртви на тероризмот.
На заедничката прес-конференција по средбата со Камерон, првиот човек на Францијана, Франсоа Оланд истакна дека контролата на границите на Европската унија мора да се засили и да не се дозволува премин на терористи преку границите на Шенген зоната.
Оланд изјави дека во наредните денови воздушните напади врз базите на ДАЕШ во Сирија ќе се интензивираат со цел да се ликвидира поголем број на терористи. Тој изрази задоволство од соработката во борбата против тероризмот меѓу Париз и Лондон.
"Ние ја поддржуваме Франција во своите воздушни операции врз Сирија, а воедно им понудивме да им отвориме воена воздухопловна база во Кипар", изјави Камерон.
Во терористичкиот напад кој што се случи на 13 ноември во Париз загинаа 130 лица, а повредени беа 351. Нападот беше спроведен на шест различни локации, а беа убиени и седум напаѓачи. Одговорноста за нападот беше превземен од страна на терористичка организација ДАЕШ.