Fatjon Cuka
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ТИРАНА (АА) - Членот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ, во рамките на регионалната турнеја денес допатува во посета на Тирана, каде што одржа состанок со претседателот на Албанија, Бујар Нишани, јавува Anadolu Agency (AA).
Човиќ по доаѓањето во зградата на Претседателството на Албанија, се потпиша во книгата за посета, по што одржа работен состанок со албанскиот колега, без присуство на медиумите.
Тој синоќа престојуваше во Подгорица, каде што разговараше со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ и со премиерот Мило Ѓукановиќ.
За денес е планирана средба во Драч и со Еди Рама, премиерот на Албанија.
За утре, 31 август, во Охрид, планирана е средба со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, а на 1 септемви во Белград, хрватскиот член на Претседателството на БиХ ќе се состане со Александар Вучиќ, премиерот на Република Србија.