Ekip
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
БРАТИСЛАВА (АА) - Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет предвидува дека Велика Британија преговорите за излез од ЕУ ќе ги покрене на почетокот на наредната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск по самитот ЕУ во Братислава, кој е одржан без Велика Британија, изјави дека неодамна се сретнал со британската премиерка Тереза Меј, која му кажала дека преговорите нема да започнат така брзо, како што многу лидери на ЕУ се надевале по референдумот одржан на 23 јуни.
Туск во петок изјави дека „таа кажала дека речиси е невозможно членот 50 да се започне оваа година”, повикувајќи се на правилото кое ги регулира условите за излез.
„Но, многу е веројатно дека тие ќе бидат спремни за почеток на преговорите во јануари, евентуално во февруари наредната година”, истакна Туск.
Лидерите на 27 земји на ЕУ вчера во Братислава ги започнаа разговорите за идниот излед на Унијата без Велика Британија.