Furkan Naci Top
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
АТИНА (АА) - Вработените во секторот на јавниот превоз во Грција денеска излегоа на штрајк против нацрт законот во парламентот, кој се однесува на зголемување на даноците и приватизација на јавниот транспорт, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на дводневните протести, жителите нема да можат да ги користат автобусите, метрото, железницата во градот и трамвајот.
Од друга страна, Федерацијата на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ), по повод протестите за зголемување на даноците, најави и протести кои треба да се одржат утре.
Предлог-законот предвидува зголемување на даноците, како и данокот на додадена вредност, а покрај тоа предвидува приватизација на јавниот превоз.