Zülfiya Yakup
19 декември 2015•Ажурирај: 20 декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Министерот за европски интеграции на Косово Беким Чолаку, изјави дека Косово ги исполни и преостанатите осум критериуми, кои се наведени како неисполнети во вчера објавениот извештај на Европската Комисија за процесот на визната либерализација на Косово, но дека последниот извештај од Косово во Брисел е пратен во септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека извештајот за Косово е оценет како позитивен, и покрај тоа што е наведено дека во потполност се исполнети 87, од бараните 95 критериуми, додека преостанатите осум се делумно исполнети.
“Во врска со осумте критериуми кои во извештајот се наведуваат како делумно исполнети, сакам да нагласам дека тој не ја опфаќа работата која ја направивме од септември до декември.Поради таа причина за тие осум критериуми не стои дека се исполнети во потполност", рече министерот Чолак.
Според него, тоа не е никаков дефект, бидејќи вчера Димитрис Аврамопулос, европскиот комесар за миграција, внатрешните прашања и државјанство и претседател на Европската Комисија Жан-Клод Јункер, изјавија дека извештајот од Косово е позитивен и последниот и дека на почетокот на наредната година се очекуваат нови позитивни одлуки.
Министерот Чолаку нагласи дека Косово не е третирано фер и дека имаше многу повеќе критериуми отколку другите земји, но дека Владата на Косово ќе "продолжи да работи на исполнување на осумте критериуми за да докаже дека се исполнети сите критериуми" .
Чолаку потсети дека комесарот Аврамопулос најави доаѓање во Косово на почетокот на 2016 година, за да лично се увери што е направено во меѓувреме. Тој не можеше да зборува за датуми, но изрази убедување дека неговата оценка ќе биде позитивна и деќа комесарот ќе препорача укинување на визите за косовските граѓани,кои како единствени во регионот сеуште не можат да патуваат слободно во земјите на Европската унија.