Bekim Laci
25 февруари 2016•Ажурирај: 26 февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонија и Босна и Херцеговина имаат добри билатерални односи и соработката во областа на одбраната е одлична. Ова беше констатирано од министрите за одбрана на двете земји, Зоран Јолевски и Марина Пендеш, по средбата одржана во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Јолевски рече дека присуството на кадетите на БиХ на Воената Академија во Македонија е инвестиција што ги засилува уште повеќе односите меѓу двете земји.
Како што рече Јолевски за време на средбата разговарале за процесот на евро-атлантската интеграција, со посебен акцент на НАТО.
"Се согласивме дека унапредувањето на процесот на интеграција во НАТО на следниот самит ќе биде од големо значење за мирот и стабилноста во регионот и во Европа воопшто," рече министерот за одбрана на Македонија. Тој додаде дека Македонија дава целосна поддршка на активирање на МАП на БиХ, додека, како што рече, заеднички ќе развиваат стратегија со која на следниот самит на НАТО ќе расправаат за потребата од вклучување на двете земји во Северноатлантската алијанса.
Јолевски и Пендеш ја поздравија поканата за членство на Црна Гора во НАТО.
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Марина Пендеш рече дека двајцата соговорници се согласија дека нивните земји заслужуваат целосно членство во НАТО и ЕУ, како и соработката меѓу двете земји може да се направи во различни области, посочувајќи акцент на борбата против корупцијата, организираниот криминал и ДАЕШ како предизвици со кои се загрозува безбедноста на граѓаните.
"Зајакнување на безбедноста и стабилноста се предуслови за инвестирање. Ако имаме странски инвестиции, ја зајакнуваме на економијата, ако го правиме ова отвораме нови работни места, со што ние младите ќе ги задржиме во нашите земји, поради тоа ислам дека ова се нашите приоритети ", рече Пендеш.
Таа додаде дека Македонија и БиХ може да учат едни од други во однос на борбата против тероризмот, бидејќи, вели дека се добро разбрани и немаат отворени прашања меѓу нив, и со добра комуникација и размена на информации може да се спречат терористичките акции.