Emre Aytekin
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - „Twitter“ (Твитер), социјалната мрежа за микро-блогинг, одлучи да го зголеми лимитот на карактери во пораките (твитовите) од 140 на 280, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти компанијата, корисниците коишто ја користат платформата на 35 јазици ќе можат да користат двојно повеќе карактери во пораките.
Менаџерката на Твитер, Ализа Росен, потсети дека во септември започнале тестирање на опцијата за подолг твит.
Додека некои корисници сметаат дека промената ќе го уништи она што Твитер го прави Твитер, други пронајдоа забавен начин да коментираат за новата ситуација.
„И драги внуци, така започна третата светска војна“, напиша еден корисник.
„Зарем навистина верувате дека Американците ќе може да ја поднесат границата од 280 карактери? Па, не доаѓаме тука да читаме колумни“, напиша друг корисник.
Предтестирањето покажа дека само еден отсто од корисниците го искористиле капацитетот од 280 карактери, два отсто имале пораки подолги од 190 карактери, додека околу пет отсто го преминале прагот од 140 карактери.
Промената нема да се однесува на јазиците од Далечниот Исток, како што се јапонскиот, корејскиот и кинескиот.