Betül Yürük
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Бил де Бласио од Демократската партија повторно беше избран за градоначалник на Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијалните резултати, Бласио има освоено 65 отсто од гласовите и со тоа по вторпат го доби четиригодишниот мандат.
Неговата најголема ривалка, Никол Малиотакис од Републиканската партија, освои 28 отсто од гласовите. И покрај тоа што во Њујорк во најбројни се демократите, на чело на градот до 2013 година беа претставници на републиканците. Бил де Бласио е првиот демократ кој по 20 години победи на трката за челната позиција во популарно нареченот „Големо јаболко“ (Big Apple).
Бласио предложи зголемување на данокот за богатите со цел да се обнови застареното и запуштено метро во градот. Тој предложи и повисок данок за оние кои годишно заработуваат повеќе од 500.000 долари.