Mohammed Sameai,Mahmut Geldi
20 Февруари 2024•Ажурирај: 21 Февруари 2024
АДЕН (АА) - Хусите во Јемен објавија дека Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија извршиле напад на фарма во градот Худајда, во западниот дел на земјата, јавува Анадолу.
„САД и Велика Британија гаѓаа фарма во регионот Ал-Кедн, во Худајда“, објави агенцијата САБА, контролирана од Хусите.
Овие две земји сѐ уште не се огласија по повод инцидентот.
Од минатата недела Хусите ги гаѓаат товарните бродови на Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или кои превезуваат стока во и од Израел во знак на солидарност со Газа.
Со ескалацијата на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз цели на Хусите во Јемен, групата објави дека сите американски и британски бродови ги смета за легитимни воени цели.
Црвеното Море е едно од најкористените морски патишта во светот за транспорт на нафта и гориво.