Burak Bir,Hasan Esen
21 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
ЛОНДОН/БЕРЛИН
Британската авиокомпанија „Бритиш ерлајнс“ (British Airlines) соопшти дека од безбедносни причини, на една недела ги откажува летовите кон Каиро, додека германската авиокомпанија „Луфтханза“ (Lufthansa) соопшти дека од истите причини на неопределено ги откажува летовите кон Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бритиш ерлајнс“, соопштувајќи дека ги откажува сите летови кон Каиро, објави: „Нашите безбедносни прописи постојано ги спроведуваме на сите аеродроми во светот и со цел да дадеме поцелосна безбедносна проценка на ситуацијата, донесовме одлука за 7-дневно откажување на летовите кон Каиро“.
Британското Министерство за надворешни работи претходно ги предупреди британските државјани кои планираат да летаат кон Каиро дека поради „зголемениот ризик од тероризам насочен кон летовите, на летовите од Египет кон Британија се спроведуваат дополнителни безбедносни мерки“.
Од друга страна, раководството на „Луфтханза“ соопшти дека вчерашното откажување на летовите за Каиро е сторено од безбедносни причини, но во детали не го образложи случајот.