Abdulselam Durdak
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ повторно утре ќе стапат во штрајк за зголемување на платите, јавува Anadolu Agency (AA).
Од синдикатот на германските пилоти „Вереинигунг кокпит“ (VC) повикаа на 24-часовен штрајк со почеток на полноќ, откако не беше постигнат договор со работодавците.
Во соопштението се додава дека 24-часовниот штрајк негативно ќе се одрази врз кратките и долгите линии низ целата земја.
Инаку, „Вереинигунг кокпит“ (VC) бара годишно зголемување од 3,66 отсто, а пак работодавачите не сакаат да ги зголемат платите.
Од синдикатот на германските пилоти исто така е соопштено дека преговорите со пилотите на „Луфтханза“ не вродиле со плод.
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ од 2014 година имаат стапено во штрајк 13 пати.