Büşra Nur Bilgiç
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Околу 4.883 илегални мигранти и бегалци во првите 20 дена од оваа година пристигнаа во Европа по морски пат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено од страна на Меѓународната организација за миграции (IOM) се вели дека за време на истиот период минатата година во Европа влегле 4.466 бегалци и мигранти, а 201 други се удавиле во Средозменото Море.
„Последниот пат, кога во јануари се удавија помалку од 200 мигранти, а 82 починаа, беше во 2015 година. Во јануари 2014 година ИОМ забележа смрт на 12 мигранти на средоземната рута“, се вели од ИОМ.
„Во периодот од 2014 до 2018 година починаа околу 30.510 мигранти“, соопшти Меѓународната организација за миграции на почетокот од овој месец.