Cüneyt Karadağ
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, истакна дека сите земјите членки на Европската унија (ЕУ) треба да дискутираат околу тоа дали е соодветно Палестина да се признае како држава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Аселборн во изјава за весникот „Тагесшпигел" (Tagesspiegel) ја критикуваше поддршката на САД за израелската политика за населување.
Тој нагласи дека сите земји членки на ЕУ треба да дискутираат околу тоа дали е соодветно Палестина да се признае како држава.
„На тој начин барем ќе се даде одговор против политиката на претседателот на САД, Доналд Трамп“, додаде Аселборн.
Шефот на дипломатијата на Луксембург рече дека знаат оти е многу тешко особено за Германија, Франција, Белгија, Холандија, Шпанија и Луксембург да се признае Палестина како држава.
„Но, тоа може да се мисли во рамки на европска иницијатива. Признавањето на Палестина од страна на цела ЕУ, може да биде знак за Палестинците во насока на тоа дека имаат потреба од една татковина, една држава како Израелците“, истакна Жан Аселборн.