Aida Cako
30 Јануари 2026•Ажурирај: 02 Февруари 2026
ДЕИР АЛ-БАЛАХ (AA) – Дванаесетгодишниот Абдурахман ал-Нашаш, кој ги загуби ногата и својот татко во нападот на израелската армија врз училиштето „Ал-Рази“ во Газа, најде утеха во музиката додека престојува во бегалскиот камп Буреиџ, јавува Анадолу.
Младиот Палестинец поминал низ тежок процес на закрепнување во Јордан, каде што му беше извршена медицинска интервенција и му беше поставена протеза на ногата.
Неговата желба за живот и љубовта кон традиционалниот инструмент уд му помогнале да ги преброди најтешките моменти од неговото детство поминато во војна.
По лекувањето Ал-Нашаш се соочил со неочекувана пречка на границата при враќањето во Газа. Израелските сили не му дозволиле да го внесе својот инструмент во блокираната енклава.
Сепак, неговата посветеност на музиката не згасна бидејќи неговиот учител по музика набрзо му подарил нов инструмент за да може да продолжи да учи да свири.
Во моментов, Абдурахман живее во екстремно тешки услови во значително оштетена зграда во бегалскиот камп Буреиџ, во централниот дел на Појасот Газа.
И покрај тоа што неговиот дом е во урнатини, звуците на неговиот инструмент секојдневно одекнуваат низ кампот, станувајќи симбол на отпор за децата што ги преживеале воените дејства.