Cüneyt Karadağ
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската Влада соопшти дека две одделни независни лаборатории потврдиле дека рускиот опозиционер Алексеј Навални е отруен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владиниот портпарол, Штефен Зиберт, во писмената изјава, истакнувајќи дека се направени токсиколошки тестови во независни лаборатории во Франција и Шведска на примероците земени од Навални, рече дека тие лаборатории потврдиле дека Навални е отруен.
Нагласувајќи дека овој настан претставува сериозно кршење на Конвенцијата за хемиско оружје (CWC), Зиберт изјави дека германската Влада ја вклучила Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) во анализата на доказите во истрагата за Навални.
Зиберт изјави дека и Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) зела примероци од Навални и ги започнала потребните чекори за испитување на случајот.
Тој, исто така, го повтори повикот до Русија да го разјасни случајот со труењето на Навални.
За време на враќањето од сибирски Омск во Москва на 20 август, 44-годишниот Навални остана без свест во авионот, а по принудното слетување беше хоспитализиран во Омск, под сомнение за „токсично труење“ со супстанција измешана во неговиот чај.