Emre Gürkan Abay
07 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
МОСКВА/МИЛАНО (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изнесе критики на сметка на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со апсењето на ќерката на сопственикот на кинеската компанија „Хуавеј“, Менг Ванџоу, и порача дека тоа е арогантна политика на супермоќните САД, која никој не ја разбира, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров престојуваше во Милано на состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), а по состанокот одговараше на прашањата на новинарите.
Одговарајќи на прашањето во врска со апсењето на Менг, Лавров изјави дека смета оти тоа е уште еден пример на политика кој го отфрла секоја нормална земја и нормален човек.
„Но каква поврзаност со тоа имаат „Хуавеј“ и Кина? Ова е арогантна политика на супермоќната земја која никој не ја разбира. Тоа е уште еден пример на спроведување на американските закони надвор од границите на таа земја. И одредени најблиски соработници на САД се противат на тоа“, смета Лавров.
Директорката за финансиски работи и ќерка на сопственикот на кинеската компанија „Хуавеј“ (Huawei), Менг Ванџоу, по налог на САД беше уапсена на 1 декември во Ванкувер, поради кршење на санкциите на Вашингтон кон Иран.
Иако САД и Кина воспоставија примирје во меѓусебната трговска војна, се оценува дека апсењето на Менг Ванџоу би можело повторно да го запали фитилот на напнатост на релација Вашингтон - Пекинг.