Burak Bir
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
ГАЗА
„ТикТок" избриша профил на палестински медиум што споделил објави за прекршувањата на човековите права извршени од страна на Израел и реакциите за нормализација помеѓу арапските земји и Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хамза ал-Шобаки, одговорно лице за управување на овој профил за кој станува збор, во изјава за АА истакна дека кинеската апликација за споделување видео-снимки го избришала профилот на „Quds News Network“ без претходна најава, бидејќи споделила 1.200 објави.
Тој нагласи дека на профилот биле споделени објави во врска со Палестина, израелската окупација и процесот на нормализација, додека имал 50.000 следбеници, 7 милиони прегледи и 350.000 лајкови.
Ал-Шобаки упати апел до компанијата „ТикТок" да ја разгледа одлуката, и дека доколку оваа одлука бидејќи останува во сила, кинеската платформа за социјални медиуми ќе се вклучи во листата на апликации на социјални мрежи кои го поддржуваат Израел.
Меѓу другото, Иџад ал-Рифаи, директор на палестинскиот невладин центар за човекови права „Sada Social“, рече дека Палестинците ја гледаат платформата „ТикТок" како простор за бегање од ограничувањата на американските апликации.
„Бришењето на профилот на „Quds News Network" е нова фаза за палестинските содржини на оваа платформа“, додаде тој.