Ekipa
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Доколку биде избран за претседател на САД, републиканскиот кандидат Доналд Трамп од меѓународна гледна точка би бил опасен, изјави Зеид Раад Ал-Хусеин, комесарот на ОН за човекови права, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ал-Хусеин истакна дека некои коментари на републиканскиот кандидат се длабоко вознемирувачки, особено кога зборува за „мачење и за ранливите групи на луѓе“.
Јорданскиот принц во изјава за медиумите истакна дека доколку Трамп биде избран за претседател, од меѓународна гледна точка би бил опасен.
„Врз основа на она што го кажа и ако тоа не се промени, без никаков сомнеж сметам дека доколку биде избран, Доналд Трамп би бил опасен“, изјави Ал Хусеин.
Тој појасни дека нема никаква намера да се меша во чија било политичка кампања во која било држава, но дека мора да проговори за коментарите што укажуваат на употреба на методи на мачење, што е забрането со Конвенција, а се однесуваат на ранлива група на луѓе на начин кој укажува дека тие би можеле и да бидат лишени од своите права.