Qays Abu Samra,Turgut Alp Boyraz
08 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
РАМАЛАХ (АА) - Високиот суд на правдата во Палестина соопшти дека се одложени локалните избори на Западниот Брег и во Појасот Газа, закажани за 8 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во палестинскиот печат, Високиот суд на правдата на Палестина, сместен во Рамала, донел одлука да се одложат локалните избори на Западниот Брег и во Појасот Газа, закажани за 8 октомври.
Некои адвокати блиски на движењето Фатах соопштија дека врз основа на „фактот дека Источен Ерусалим не е вклучен во изборите и нелегитимноста на второстепениот суд во Појасот Газа, кој е под контрола на движењето Хамас, одлуките што ќе бидат донесени со изборните кандидати нема да бидат валидни“. Тие побарале од судот да ги одложи изборите.
Адвокатите на членовите на Фатах соопштија дека судот ги одложил изборите и дека повторно ќе се сретне на 21 декември.
Во врска со одлуката, Високиот суд на правдата на Палестина сѐ уште нема дадено официјално соопштение.
Во ниту еден од досегашните избори во Палестина, не бил вклучен делот на Источен Ерусалим, кој е под окупација на Израел. По одложувањето на изборите, некои Палестинци на социјалните мрежи дадоа свои критики: „Движењето Фатах е загрижено од можноста да загуби од Хамас и сака да ги одложи изборите, користејќи го прашањето за Источен Ерусалим“.
Советот на министри на Палестина претходно соопшти дека локалните избори ќе се одржат на 8 октомври.
Последните локални избори во Палестина се одржаа во 2012 година, на 340 изборни места. Хамас не прифати да има избори во Појасот Газа и не учествуваше на изборите.
Движењата Хамас и Фатах за последен пат заедно на избори учествувале во 2005 година. На тие избори победи Хамас.