Şeyma Uzundere
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
САН САЛВАДОР (АА) - На 30 години затвор е осудена жена која била принудена да абортира поради потешкотиите поврзани со бременоста во централноамериканската држава Ел Салвадор, известува Агенција Анадолија (АА).
Невладината организација „The Citizen Group fort the Decriminalization of Abortion“, која помага во одбраната на обвинетите жени и спроведува активности за декриминализација на абортусот, објави дека жена со име Есме во понеделникот на 9 мај е осудена на затворска казна.
Во соопштението се наведува дека поради убиство, на 30 години затвор е осудена жена која абортирала поради проблемот што го доживеала за време на бременоста.
Во соопштението се наведува дека жената била приведена во 2019 година кога се пријавила во државната болница поради здравствените проблеми што ги доживеала додека била бремена и веќе две години ѝ се суди за убиството.
Невладината организација смета дека доколку жената има здравствени проблеми, абортусот не треба да се смета за кривично дело и го брани ставот дека одлуката за случајот на Есме не се совпаѓа со одлуките на Меѓуамериканскиот суд за човекови права (The Inter American System of Human Right).
Според законот донесен во 1998 година, абортусот е нелегален во Ел Салвадор. Организациите за човекови права протестираат поради тоа што голем број жени се гонат и затвораат во рамки на законот за случаи како што се спонтан абортус и раѓање мртво дете.