Zehra Ulucak
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Корисниците на мобилната апликација за размена на пораки, фотографии и видеозаписи WhatsApp, пораката нема да можат да ја споделат повеќе од петпати со другите корисници или групи корисници, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Би-би-си“ (BBC) објави дека ограничувањето е воведено во рамките на борбата против ширењето на лажни информации.
Забраната пред шест месеци беше воведена во Индија, а сега ќе биде воведена и во други делови на светот.
Од WhatsApp соопштија дека ќе продолжат да бараат нови методи за спречување на виралното ширење на погрешни информации меѓу корисниците.
Досега, корисниците одредена порака можеа да споделуваат 20 пати.
Меѓутоа, употребата на целосна енкрипција значи дека пораката може да ја прочитаат само нејзиниот испраќач и примател, што ќе ги ограничи можностите на компанијата да ги воочи лажните вести.