Ata Ufuk Şeker
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија изрече парична казна од 570 милиони евра за „MasterCard“, со образложение дека го спречила пристапот на трговците на мало до услугата за прeкуграничко плаќање со картичка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европската комисија соопшти дека завршила истрагата започната во 2013 година во врска со услугита на „MasterCard“ за прекугранично плаќање со картичка.
Според ова соопштение, „MasterCard“ поставила ограничување за трговците да не можат да ги искористат опциите на банките во другите земји членки на ЕУ кои нудат подобри услови.
Се вели дека оваа практика е против „антимонополските правила на ЕУ“ и дека „MasterCard“ доби парична казна од 570 милиони евра.
„Правилата на „MasterСard“ го спречија пристапот на трговците до подобрите услови кои ги нудат банките на другите земји (на земјите од ЕУ) и на вештачки начин ги зголемија цените на плаќањата со картичка. Оваа состојба им нанесе штета на потрошувачите и трговците на мало во ЕУ“, истакна во врска со ова прашање Маргарет Вестаџер, членка на Европската комисија задолжена за конкуренцијата.
Европската комисија има ингеренции да истражува дали постои некоја ситуација против конкурентноста во секторите во кои вршат дејност компаниите во рамки на ЕУ. Во случај Европската комисија да открие некоја постапка која е против конкурентноста или е против антимонополските правила, може да спроведува високи парични казни против компаниите.