Sayed Khodaberdi Sadat
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
КАБУЛ (АА) - Пратеникот во авганистанскиот Парламент, Фaкури Бахишти беше ранет во бомбашки напад во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите потврдија дека нападот се случил кога службениот автомобил во кој се наоѓал Бахишти поминувал по патот каде што била поставена бомба.
Бахишти беше ранет во нападот, а еден член од неговото обезбедување загина. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.