Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
КАБУЛ
Во подрачјето на авганистанскиот град Ишкемиш, во покраината Тахар настана експлозија во медреса во која била спроведувана верска настава. Експлозијата предизвика смрт на седум ученици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата на Тахар, Халил Есир, за медиумите изјави дека во медреса во селото Кохре, кое се наоѓа во подрачјето на градот Ишкемиш, настанала експлозија во која животот го загубиле седум ученици.
Портпаролот Есир информира дека во експлозијата се ранети осум ученици, додавајќи дека е започната истрага во врска со настанот.
Очевидците на настанот тврдат дека во време кога учениците биле надвор, на краток одмор, во дворот на медресата експлодирала граната од минофрлач.