Ekipa
29 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
ЖЕНЕВА (AA) - Претставници на Туркиш Ерлајнс (THY) и Здружение на дописници во Обединетите нации во Женева (ACANU) потпишаа договор за соработка според кој авионите на оваа турска авиокомпанија ќе ги превезуваат дописниците и новинарите во Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот во седиштето на ОН во Женева го потпишаа Несих Гумуш, директор на Туркиш Ерлајнс во Женева и Боди Хагер, претседател на ACANU.
Хагер изрази задоволство поради склучување на соработката, како што рече, големата светска авиокомпанија.
„Ова е за нас навистина многу важен договор. ACANU во својата 70-годишна историја прв пат потпиша договор со една авиокомпанија", рече Хугер.
Гумуш исто така изјави дека е пресреќен и горд дека токму Туркиш Ерлајнс ќе биде на услуга на дописниците кои својата работа ја извршуваат во ОН.
„Верувам дека дописниците ќе бидат задоволни на услугите кои ги нуди Туркиш Ерлајнс чии авиони летат на 309 локации во 124 земји од светот", рече Гумуш.
Според потпишаниот договор, дописниците и новинарите кои се членови на ACANU ќе имаат посебно намалување и други бенефиции за време на патувањата со авионите на Туркиш Ерлајнс.
Инаку, Туркиш Ерлајнс неделно на релацијата Женева-Истанбул има 23 летови.