Aşkın Kıyağan
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ВИЕНА (АА) - Австриската полиција уапси најмалку 26 лица во операцијата што против радикалната десничарска организација „Унија на австриските држави" ја спроведе во целата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Австрија соопшти дека околу 500 припадници на безбедносните сили учествуваа во рациите на вкупно 37 адреси, во осум покраини во Австрија.
Во акцијата се уапсени најмалку 26 припадници на антивладината група „Унија на австриските држави, меѓу кои се наоѓа и лидерката на тоа движење, Моника Унгер.
Се работи за паралелна структура во Австрија којашто промовира непочитување на австрискиот закон и ред, а полициската операција беше спроведена врз основа на сознанието дека групата иницирала тајни состаноци со цел да стекне нови членови.
Во текот на претресот, полицијата заплени и поголеми количини фалсификувани документи и готовина, а уапсените в петок ќе бидат изведени пред суд.