Emre Aytekin
24 Ноември 2018•Ажурирај: 25 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Во сообраќајна несреќа во која еден патнички автобус во кој се наоѓале ученици од основно образование, паднал во еден канал за водовод во индиската сојузна држава Карнатака, животот го загубија 25 лица, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според првичните сознанија, во несреќата која се случи во близина на градот Мандја, кој се наоѓа 105 километри југозападно од главниот град на Карнатака, Бангалор, смртно настрадаа 25 лица.
Во несреќата се повредило едно дете, откако скокнало од автобусот додека тој паѓал во каналот.
Се вели дека операциите за пребарување и спасување се во тек, а постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.