Burç Eruygur
22 Јуни 2024•Ажурирај: 23 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Азербејџан денес соопшти дека Ерменија пукала врз нејзините воени позиции во западниот регион Калбаџар, пренесува Анадолу.
Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменските сили вчера пукале врз нивните позиции околу селото Молабајрамли од 12:25 до 15:35 часот по локално време.
„Од страна на единиците на Азербејџанската армија беа преземени соодветни мерки на одговор“, се додава во соопштението.
Односите меѓу Баку и Ереван се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони, вклучувајќи го и Калбаџар.
Поголемиот дел од територијата беше ослободена од Азербејџан за време на 44-дневната војна есента 2020 година, која заврши со мировен договор со посредство на Русија, кој ги отвори вратите за нормализација и демаркација на нивната граница.
Минатиот септември, Азербејџан воспостави целосен суверенитет во Карабах кога сепаратистичките сили во регионот се предадоа.