Mahmut Osmanoglu
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Махмут Османоглу -
Муслиманите на Аракан пред очите на светот се соочени со огромни искушенија. Мјанмарската војска и некои будистички групи прават масакри во Аракан, не гледајќи дали се работи за бебиња, деца, жени и старци. Проширени се силувањата на араканските жени, ограбувањата на куќите и другите имоти, селата се запалени комплетно.
Европскиот совет на Рохинџите сето тоа го дефинира како „успорен геноцид", но по 25 август оваа година овој геноцид значително е забрзан. Во историската татквоина на Рохинџа муслиманите во Аракан, речиси и не останаа аракански муслимани.
Според последните податоци на ОН, бројот на Рохинџите пребегнати во Бангладеш достигна 617.500. Овој број секојдневно се зголемува.
Министерот за надворешни работи на Бангладеш, Ебул Хасан Махмут Али во септември соопшти дека мјанмарската војска убила речиси илјадници муслимани во Аракан, но бидејќи пристапот во тој регион бил оневозможен не било можно ни да се дадат точни податоци за настраданите. Овој број секој ден е се поголем.
Во извештајот на ОН објавен откако војската на Мјанмар во 2016 година направи сличен масакр, документирани се масакри, масовни силувања и други злосторства против човештвото.
Освен неколку исклучоци, како што е Турција, од каде доаѓаат реакциите, и покрај се побрзиот „успорен геноцид", САД, Кина, Русија и Индија, светот, меѓународната заедница, продолжуваат да се однесуваат како да не слушаат, не гледаат и не ја согледуваат реалноста.
Последната алка во тој синџир беше американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Тој во прилика на посета на Мјанмар на 15 ноември разговараше со тамошната лидерка Сан Су Кји и командантот на армијата Мин Аунг Хлаинг. Потоа изјави дека САД баш и не се за широки економски санкции кон Мјанмар.
Така Тилерсон, со самото тоа и САД, злосторствата документирани во извештаите на ОН, кои вклучуваат убивање дури и на бебиња, силување на жени и девојчиња, ограбување и палење на куќи, прогон на стотици илјади лица, што во истите тие извештаи тоа е окарактеризирано како етничко чистење, а според Европскиот совет на Рохинџите и успорениот геноцид и злосторството против човештвото над муслиманите на Аракан, вината ја сведе на неколку војници на терен и радикални будистички поединци.
Тој исто така сите конкретни чекори ги стави на чекање на некои други кредибилни извештаи, велејќи дека ги повикува властите на Мјанмар во случај објава на такви извештаи, злосторниците да ги изведат пред лицето на правдата.
Покрај тоа, истакнувајќи ги воените операции во другите региони на Мјанмар, Тилерсон се обиде да го намали значањето на случувањата во Аракан. Дали злосторствата врз Рохинџите во Аракан се етничко чистење или не, САД ќе се изјасни подоцна, вели Тилерсон.
САД така со кратковиден пристап и наводите како ги покренале нападите на организацијата АРСА во Мјанмар, всушност покажа дека злосторствата врз Рохинџите не ги смета за систематски и организирани. Нападите врз сите Рохинџи по нападите на АРСА, САД ги карактеризираше како своевидно губење на контрола, што е се во збир показател на огромна кратковидност.
Властите на Мјанмар исто постапија и пред една година, кога се случуваше она што е актуелно и оваа година, од 25 август, а што пак достигнува далеку во минатото.
Како САД ја поврза комлетната историјата на страдањето на араканските муслимани, прогласени за најзагрозено национално малциство, со неколку напади од 25 август 2017 година, претставува тема на посебна анализа.
Во секој случај, со посетата на Тилерсон на Мјанмар, Америка ги откри сите свои ставови во врска со драмата на народот на Рохинџите.