Mesut Zeyrek
21 Октомври 2019•Ажурирај: 23 Октомври 2019
КЕЛН (АА) - Во текот на претходната ноќ на џамијата „Евинг Улу“ во Дортмунд, Германија, беше фрлен Молотов коктел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пожарот на верскиот објект немаше повредени лица.
Скршени се и прозорците на една просторија во склоп на џамијата.
Новинарот на АА дознава дека пожарот е изгаснат пред да се прошири, со што е спречена евентуална трагедија. Одредени извори се сомневаат дека зад нападот би можеле да стојат поддржувачи на терористичка организација или екстремните десничари.
Припадниците на полицијата ги анализираат фотографиите и видеоснимките, а со истрагата ќе бидат утврдени повеќе детали.