Emel Gözellik
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
КЕЈП КАНАВЕРАЛ
САД, кои минатата година ги формираа Вселенските сили, во вселената ја лансираа првата ракета што носи комуникациски сателити, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американските вселенски сили преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објавија дека од вселенската станица „Кејп Канаверал“ во сојузната држава Флорида ја лансирале првата ракета што носи комуникациски сателити.
Генерал Џон Ф. Томсон, шефот на Центарот за вселенски и ракетни системи во Калифорнија, информираше дека и покрај пандемијата на Ковид-19, Американските вселенски сили ја лансирале ракетата „Atlas V“, која е лансирана во вселената со сателити тешки 6.168 килограми.
Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри буџетот за одбрана за 2020 година, кој е познат и како Закон за овластувања во националната одбрана, во декември минатата година и официјално беше формирана Командата на вселенските сили на САД.