Sinan Doğan
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АНКАРА
Марија Гуадалупе Мартинез ректор на универзитетот Веракруз Валадолид во Максико жртва на вооружен напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во мескиканските медиуми, Мартинез бил нападнат од засега две непознати вооружени лица во својот дом во градот Халапа во државата Веракруз.
По повикот упатен од страна на очевидците, на местото на нападот пристигнале полицијата и екипи на првата помош, кои утврдиле дека Мартинез починал.
Напаѓачите избегале од местото на настанот.
Државниот обвинител во својат изјава во врска со настанот изјави дека е започната широко опсежна истрага во врска со настанот, додавајќи дека во најкусо време пред лицето на правдата ќе бидат изведени одговорните за нападот.