Betül Yürük
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун синоќа се прости од колегите во седиштето на ОН во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
По десет години, колку што беше генерален секретар на ОН, Бан својата функција ја отстапува на Португалецот Антонио Гутерес. Гутерес како деветти Генерален секретар на ОН, од утре ќе ја преземе функцијата.
Бан на прошталниот прием изјави дека е горд што ја извршуваше оваа функција. Тој им се заблагодари на собраните колеги и го напушти седиштето на ОН.
Бан како генерален секретар ќе присуствува на дочекот на Нова 2017 Година на Тајмс Сквер во Њујорк. Тој ќе го притисне копчето за одбројувањето до Нова година.