Bedrudın Brljavac
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
БАНКОК
На десетици илјади жители на Банкок, главниот град на Тајланд и бројни странски туристи со спектакуларен огномет влегоа во 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дочекот на Новата година е организиран пред познатиот трговски центар ИконСиам, а насобраните луѓе имаа можност да уживаат во фантастичниот огномет кој траеше неколку минути.
Низ престолницата се организирани музички концерти и прослави по повод Новата година, а во градот веќе неколку дена владее вистинска празнична атмосфера.
Претходно Новата година е пречекана во Австралија и Индонезија, а жителите на Самоа и Кирибати во Тихиот Океан први зачекорија во 2020 година.