Ivana Ramadanova
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
СКОПЈЕ (AА) - Според податоците на Државниот завод за статистика во мај годинава Македонија ја посетилe над 60.000 странски туристи. Од нив најголемиот дел, поточно 22.793, биле од Турција, 4.092 од Србија и 3.589 од Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во мај бележи раст од 5,1 отсто, додека пак вкупниот број на туристи во мај годинава изнесува 86.234 кои оствариле 172.355 ноќевања. Најпосетени биле Скопје и езерските места.
Во периодот од јануари до мај 2016 година, во однос од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 отсто и тоа кај домашните туристи со зголемување за 12,5 отсто, а кај странските за 10,4 проценти.
Во периодот јануари до мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевања е зголемен за 12,2 отсто и тоа кај домашните туристи за 19,1 отсто, а кај странските има зголемување од 8 отсто.