Servet Günerigök
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ВАШИНГТОН (AA) - Соединетите Американски Држави (САД) испраќаат дополнителни трупи во Багдад за да го заштитат својот персонал од протестите против американските воздушни напади минатиот викенд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Марк Еспер, министерот за одбрана на САД, изјави денес дека Пентагон одблиску соработува со Стејт Департментот за да ја гарантира безбедноста на својата амбасада и на персоналот, не прецизирајќи за колкав број војници се работи и кога ќе бидат распоредени.
„Ги презедовме соодветните безбедносни мерки за да им гарантираме безбедност на американските граѓани, воениот персонал и дипломатите во таа земја, но и да го искористиме нашето право на самоодбрана. Испраќаме дополнителни сили со цел поддршка на нашиот персонал во амбасадата", рече Еспер.
Апелираше на ирачката влада да ги исполни своите обврски во пружањето помош за време на заштита на американскиот персонал, додавали дека Вашингтон „и понатаму продолжува да го поддржува ирачкиот народ како и слободен, суверен и просперитетен Ирак".
Ирачките демонстранти приврзаници на шиитската група Хашди Шаби искршија и запалија уште една врата од зградата на американската амбасада во текот на денешните протести во Багдад.
Демонстрантите кои претходно денеска се собраа пред зградата на Амбасадата на САД во Багдад откако најпрвин го запалија надворешниот дел од зградата на амбасадата, а потоа влегоа во зградата, ги запалија и вторите врати од влезот во зградата.
Додека протестите околу зградата на американската амбасада се уште траат, над квартот можат да се приметат авиони кои летаат ниско.
Специјалните ирачки сили зазедоа позиции околу зградата на амбасадата.
Стотици демонстранти се собраа денес во знак на протест поради американскиот напад изведен на Бригадата на Хезболах при шиитската група Хашди Шаби.
Американското министерство за одбрана објави дека во знак на одмазда за нападот врз американските дипломати, изведени се воздушни напади на вкупно пет воени бази Бригади на Хезболах во Ирак и во Сирија.
Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека во нападот врз базите во Анбар се убиени 28, а ранети 48 лица.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес телефонски разговараше со ирачкиот претседател Берхем Салех и премиерот Адил Абдулмехди, во текот на кој ја пренесе решителноста на САД да ги заштитат американските државјани во Ирак од било какви ирански закани.