Ekipa
18 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
БРИСЕЛ (АА) - Услугите на јавниот транспорт и работното време во Белгија се намалуваат бидејќи земјата се подготвува за екстремните горештини денес и утре, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што топлотниот бран ја зафаќа југозападна Европа, и температурите во Белгија се очекува да достигнат 35 степени Целзиусови денеска и 37-39 Целзиусови степени утре, според белгискиот Кралски метеоролошки институт.
Властите издадоа портокалово предупредување за дводневни екстремни горештини, советувајќи ги граѓаните да пијат многу вода и да избегнуваат консумирање алкохол, активности на отворено и спорт.
Како превентивна мерка, белгиската железничка компанија СНЦБ ќе укине 34 возови во шпицот.
Трамвајските и автобуските услуги ќе бидат намалени и во регионите Фландрија и Валонија.
Како што препорачуваат синдикатите, месарниците, цвеќарниците, пекарниците и слаткарниците најверојатно ќе останат затворени или ќе го скратат работното време.
Времето на дневното собирање ѓубре, исто така, ќе се помести во многу градови.
До неодамна, сериозните топлотни бранови беа исклучително ретки во Белгија, земја позната по умерената клима и релативно студените лета.