Ömer Aydın
20 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Париз разговараа за можното постигнување на конечен договор за реформите на еврозоната, јавува Anadolu Agency (AA).
Порачаа дека се крајно посветени на јакнењето на блокот на единствена валута а и ЕУ како целина.
Меркел изјави дека двете земји треба со заеднички напори да дадат поголем придонес во единството на ЕУ.
„Германија и Франција можат и треба да го преземат водството во многу прашања и затоа сфаќам дека Франција чека ние да добиеме нова влада“, изјави Меркел на прес-конференцијата.
„На широка основа не гледам разлика во нашите ставови. Тоа е Европа која мора да има заедничка надворешна политика во врска со стратешките прашања, Европа која мора да има сопствена политика на развој, Европа со одбрамбена политика и Европа која мора да биде економски моќна“, додаде Меркел.
Макрон истакна дека е важно да се дефинираат сите детали на планираните реформи.
„Тоа ќе биде тема на нашите разговори денес како и во неделите и месеците кои следуваат за да се дефинира патот кој ќе не одведе во тој правец“, изјави францускиот претседател.
Потсетуваме, Макрон и Меркел на самитот на ЕУ минатот месец постигнаа договор за донесување на заеднички планови за еврозоната.