Yusuf Hatip
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Компанијата за јавен превоз (STİB) во белгискиот главен град Брисел, по повод 150. годишнина од пуштањето во употреба на трамваите, ги изложи најстарите вагони, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните жители, но и туристите, покажаа голема заинтересираност за околу 40 изложени историски трамваи, како и за новите модели трамваи, кои беа изложени на Кралската улица во Брисел.
Група граѓани на улицата на која за првпат во 1869 година трамваите биле пуштени во употреба, носеа облека од тој период.
Во рамки на настанот, граѓаните имаа можност бесплатно да се качуваат и одвнатре да ги разгледаат овие историски трамваи.