02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ (WikiLeaks), ќе излезе денес на судско рочиште поради барањето на Соединетите Американски Држави (САД) за испорачување поради наводно хакирање на компјутерите на Пентагон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува Асанж кај судијата за прекршоци во Вестминстер да се обрати преку видеолинк од затворот.
Австралиецот моментално издржува казна од 50 недели затвор поради кршење на условите за кауција од 2012 година и бегството во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Во тоа време Асанж се соочувал со екстрадиција во Шведска поради испитување за наводно сексуално злоставување.
Асанж е уапсен минатиот месец откако Еквадор го повлече политичкиот азил, кој претходно му го додели.
Адвокатите велат дека 47-годишниот Австралиец ќе се бори против екстрадицијата во САД, чии власти го обвинуваат дека пробил во компјутерскиот систем на Пентагон.
Кристин Храфнсон, главниот уредник на „Викиликс“, вчера изјави дека битката околу екстрадицијата е „прашање за живот или смрт“ за Асанж.