Melda Altakhan
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
АДИС АБЕБА (АА) - Питер Маурер, претседател на Комитетот на Црвениот крст во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, одржа прес-конференција на која истакна дека главна причина за внатрешните миграции на африканскиот континент се оружените судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Маурер со медиумите ја сподели информацијата дека во Африка има 12 милиони бегалци.
Претседателот на Комитетот на Црвениот крст, Маурер, истакна дека пред Африканската унија за мир и безбедност е доставен извештајот во кој се наведуваат пречките за спроведување на договорот на Африканската унија (од Кампала) за заштита на бегалците во рамките на Африка.
Маурер упати повик до африканските земји да се придржуваат до точките од Договорот од Кампала за заштита на правата на бегалците.
Тој во продолжение истакна дека е потребно владите на африканските земји со своите одлуки да дадат поддршка за правата на бегалците, а притоа ги посочи Етиопија и Мали како земји за пример. Во Мали е отворено мобилно училиште, додека во Етиопија, децата бегалци иако немаат официјални документи, се запишуваат во училиштата, а возрасните имаат право да работат.